среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 59
home Вести

ИНТЕРАКТИВНА МАПА- на неа и Македонија: Во секој момент дознајте каде има коронавирус и колку се заразени

ИНТЕРАКТИВНА МАПА- на неа и Македонија: Во секој момент дознајте каде има коронавирус и колку се заразени

Преку интерактивна мапа може во реално време да се следи состојбата со коронавирусот секаде во светот.

Не само локацијата и заболените, преку мапата има преглед и на смртните случаеви, како и на излечените од смртоносниот вирус.

На мапата може да се забележи и нашата земја.

Инаку, вчера беа потврдени два нови случаи на заразени од коронавирусот во Македонија. Се работи за сопружници од Дебар кои неодамна се вратиле од Италија.

Нивната состојба засега е стабилна. Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.

Состојбата пак на пациентка која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и чии резултати се покажаа како позитивни на вирусот на 26 февруари, е стабилна.

Како да се заштитите од коронавирусот?

Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице.

На врвот е често миењето на рацете.

СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, кои најчесто ги гледаме во болниците и сапун и вода ќе завршат работа. Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете.

Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот.

Но, уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно).

Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.

Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете хартиени марамчиња, но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.

Стојте подалеку!

Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.

Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!

Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите.

И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.

Добро термички обработено- не сурово!

Варете, печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.

Коронавирус