сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 45
home Вести

Интелектуалците гневни: Заев прави велепредавство!

Интелектуалците гневни: Заев прави велепредавство!

Вчерашното интервју на Зоран Заев за БГНЕС каде говорејќи за историскиот период од Втората светска војна тој вели дека имало некоја администрација во тој момент, но потоа Бугарија се покренала заедно со антифашистите борејќи се за слободата и демократијата, дека бугарските и македонските трупи ослободилe територии – Крива Паланка, Куманово, скопскиот Регион, потоа дека Југославија ги држела разделени Македонија и Бугарија предизвика лавина од реакции кај голем дел од граѓаните.

Професорката Ана Павловска Данева на својот статус на Фејсбук напиша: Секој политичар треба да има момент кога ќе подзастане и ќе се запраша: “Во што се претворив?”!

Исто така реагираше и професорката Билјана Ванковска. За ова интервју на Заев таа напиша дека тоа што Заев го рекол за неа претставува велепредавство.

Лиле Поповска, од ДОМ поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев, преку статус на Фејсбук пишува дека изјавите на Заев се национално и ментално самоубиство.

На ваквата изјава не остана рамнодушен познатиот Игор Џамбазов кој на својот профил напиша – лажговци и манипулатори, фашисти и администратори.

Коронавирус