четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Интелектуалците едногласни: Законот за двојазичност не смее да се носи надвор од процедура без разгледување на амандманите

Интелектуалците едногласни: Законот за двојазичност не смее да се носи надвор од процедура без разгледување на амандманите

Додека претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека следната недела законот за јазици ќе види бел дел, интелектуалците со реакција. Тие се категорични и велат дека мора да се разгледаат сите амандмани од опозциската ВМРО-ДПМНЕ.

Професорот Љубомир Цуцуловски посочува дека претседателот на Собранието, Талат Џафери мора да ги почитува правните норми.

Тој во својот Фејсбук статус вели „…Талат Џафери, бил подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласло за донесување на Законот за јазиците, без и да се прифати разгледувањето на 35.000 амандмани, кои опозицијата ги поднесе, туку опозицијата ќе имала право само на процедурална забелешка, за да не се случело Собранието да стане нечиј заложник(?!)“.

-Притоа, овој господин заборава дека во Законот за Собранието на Реупублика Македонија (Член 38, став 3 и 4) децидно пишува: „(3) Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. (4) По повторното разгледување на законот, амандмани м о ж а т да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.“ Според тоа, нема што Џафери да сака или да не сака, туку тој мора да го спроведува Законот за Собранието и да дозволи расправа за поднесените амандмани, констатира Цуцуловски.

Професорот Цуцуловски вели дека клучното прашање, е зошто наеднаш таква нервоза и нестрпливост манифестираа Османи и Џафери.

-Има повеќе причини. Ќе наведам неколку. (1) Притисок од ЕУ и НАТО, кои не ги интересира на кои јазици ќе сеговори, туку како ќе се реформира РМ. (2) Секоја самовоља, изразена преку излитената фраза „I have a dream“ има свои граници. (3) Секое трпение, макар било и македонско, има свои граници. (4) Дел од парламентарното мнозиство полека сфаќа дека не може да се отстапува и тактизира до бескрај. (5) Во прилог на претходново е и изјавата на Талат Џафери дека немало доволно гласови за да продолжи постапката, бидејќи некои од пратениците на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за Законот.

Според професорката Елка Јачева Улчар „ако сме држава во која владее правото, а не сме, законите што не се донесени во предвидениот рок би требало да се повлечат“.

-Да, за законот за употеба на јазиците зборувам, констатира таа.

За разлика од експертите првиот човек на Собранието, Џафери гостувајќи на Алсат М телевизија, на прашањето од каде сигурноста дека следната недела ќе се усвои законот, Џафер вели „јас сум сигурен во тоа што се мои надлежности и што се мои надлежности што ми ги дава Уставот и Деловникот за да можам врз основа на член 60 од Деловникот да ја проценам работата или процедуралните постапки или одредбите на Собранието за решавање на прашања  кои се спорни во Деловникот за работа на Собранието“.

Со свои ставови по ова прашање излегоа и партиите. Од ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека секогаш ќе даде поддршка за законите кои гарантираат подобар стандард и ни помагаат на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Според партијата „законот за двојазичност не е дел од евроатланската перспектива на државата, законот за двојазичност не е дел од реформите кои треба да ги реализира Република Македонија“.

-ДУИ се тие кои ја блокираат работата на Собранието и ги попречуваат реформите, преку условување на целокупната работа на Собранието со носење на еден закон дури и преку обид тој да се изгласа со целосно кршење на деловникот и законите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак вели дека очекува решение низ дијалог. Ставот е дека „му се дава шанса на дијалогот, веруваме дека само преку разговори, со коалициските партнери и со опозицијата, може да се изнајде решение.“ Сепак тое остануваат на ставот дека е потребно заокружување на процесот на усвојување на законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во државата.

Вицепремиерот Бујар Османи вели нема назад од донесувањето на законот.

-Прво, меѓуетничките односи не можат да бидат колатерална штета на партиските агенди на политичките партии. Нема да дозволиме такво нешто. Второ, одговорноста за реформите не е само на политичките партии во владата, рече Османи.

Коронавирус