среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 114
home Вести

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 65 години дејност

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 65 години дејност

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје денеска ќе отпочне со активностите по повод одбележувањето на јубилејот 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научно – истражувачката, високо – образовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг.

Централното одбележување ќе започне во амфитеатарот на Институтот со избрани цитати од Мисирков во интерпретација на Васил Зафирчев.

Поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и долгогодишниот директор на Институтот Трајко Стаматоски. Предвидено е и обраќање на министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и  присуство на министерот за култура Асаф Адеми.

Кон јубилејот ќе се осврне директорката проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, а потоа д-р Марија Коробар-Белчева ќе се осврне на 115 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ и 25 години од смртта на Блаже Конески. За  научните достигнувања на вработените во ИМЈ „Крсте Мисирков“ од неговото основање до денес излагање ќе има проф. д-р Гоце Цветановски.

Одбележувањето на јубилејот е почеток на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“ што ќе траат до 9 ноември. Во рамки на манифестацијата утре ќе започне меѓународната научна конференција „Јазикот и културата ‒ состојби и  перспективи“, а на 9 ноември ќе се одржи трибина насловена „Македонскиот јазик во медиумскиот простор“.