четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 126
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Институтот за белодробни заболувања не станува КОВИД – центар, а лекарите добиле прекоманда на Инфективна

Институтот за белодробни заболувања не станува КОВИД – центар, а лекарите добиле прекоманда на Инфективна

Бројката на новозаболени во Македонија од ден на ден расте, а болничките капацитети се пополнуваат.

Додека доцни набавката на монтажните болници кои министерот за здравство, Венко Филипче ги ветуваше дека државата ќе ги има пред есенскиот бран на корона вирусот, објектот на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза, кој се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје, сѐ уште не е КОВИД – центар.

Во овој Институт работат искусни пулмолози и друг персонал, а според светските здравствени експерти белодробните заболувања, всушност, се најчеста компликација на инфекцијата со корона вирусот. Можеби и по некоја логика би требало овој институт да стане КОВИД – центар, во време кога капацитетите на Инфективната клиника и на ГОБ „8-ми Септември“ се пред исцрпување.

(НЕ)ВОЗМОЖНА МИСИЈА

Летово, министерот за здравство Венко Филипче и владата најавуваа дека Институтот за ТБЦ ќе се пренамени во КОВИД – центар. А, тоа тогаш дури го потврдуваа и вработените од самиот Институт.

Летово на состанокот на Комисијата за заразни болести бил повикан тогашниот директор на оваа институција, пулмологот од Струга Арбен Лабеништа, со кој било разговарано за можностите Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ да биде пренаменет за потребите на болните од корона вирусот. Во тој институт има 40 болнички легла и реално може да биде пренаменет во КОВИД-центар пред се и заради тоа што имаат можности за кислородна поддршка.

Но, докторите од тој Институт едноставно се плашеле за пациентите кои се заболени од други болести да не бидат во допир со заразени од КОВИД-19 бидејќи тоа би претставувало и фатално за пациентите кои се заболени од ХОББ, туберкулоза.

„Ваков коморбидитет би можел да биде фатален за пациентите доколку се заразат и со корона вирусот. Кај нас има голем број на пациенти со ТБЦ кои во моментов се хоспитализирани и кои мора да добиваат болничка нега заради сериозната состојба во која се наоѓаат. За среќа немаме хоспитализирани со ХОББ, односно со хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи овие пациенти седат дома. Пред да се пренамени Институтот за белодробни заболувања, мора сериозно да се размисли за болните од туберкулоза, каде да бидат сместени и како понатаму. И туберкулозата е тешка пренослива болест, поради што стратегијата, планирањето мора да биде направено до последни детали“, изјава од јуни месец на еден од докторите за порталот Фактор.

БОРБА СО БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Според сознанијата на одредени медиуми во Институтот нема централизиран кислород.

„Во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза сите хоспитализирани пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка истата ја добиваат преку кислородни концентратори. Инаку, сите хоспитализирани пациенти во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кои се суспектни за КОВИД-19 се згрижуваат во посебна просторија за изолација, каде се тестираат за SARS Cov-2 и доколку се добие позитивен наод, се трансферираат во КОВИД-центар. За постапките со суспектните случаи со КОВИД-19, во Институтот постојат протоколи“, велат од министерство за здравство на прашањето на порталот Плусинфо дали Институтот ќе стане КОВИД – центар.

Сепак според одговорот на министерството се претпоставува дека иако се разгледуваше можност Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ да стане КОВИД – центар опаѓа. Министерот Филипче освен што не ги реализираше ветените монтажни болници, сега и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ нема да стане КОВИД- центар.

А, неофицијална информација според медиумите е дека министерот Филипче се определил за поинаков пристап, лекарите од овој Институт наводно добиле „прекоманда“ во Инфективната клиника.

Од вчерашните информации од министерството за здравство се воочува дека болничките капацитети се преполнуваат, само на Инфективната клиника во вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти. Во ГОБ „8-ми Септември“ вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Болниците забрзано се полнат, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Нема слободни болнички кревети на инфективните одделенија во Куманово, Штип и Струмица, а почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Има сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника.

Филипче рече и дека болничките капацитети се еден од главните параметри.

-Ако се оцени дека овие капацитети кои се треба да бидат резерва, се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме полициски час, рече Филипче.

Коронавирус