четврток, 2. февруари 2023. Вести денес: 153
home Вести

Институтот САРИСА ја одржа работилницата „Квалитетно образование – патот кон иднината“

Институтот САРИСА ја одржа работилницата „Квалитетно образование – патот кон иднината“

Во организација на Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ вчера во Скопје се одржа тематската работилница „Квалитетно образование – патот кон иднината“, во која говорниците се осврнаа на актуелната состојба со образованието во Република Македонија.

Настанот го отвори и го модерираше м-р Сашо Марковски, Извршен Директор на Институтот „САРИСА“, кој даде краток осврт на работата на Институтот, и на кратко ја искоментира моменталната состојба со образовните реформи во Република Македонија. Првиот панелист, м-р Александар Богатинов, зборуваше на тема „Зошто образование? – Потребата на хуманистичките знаења во современото образование!“, и даде свое видување на дилемата дали треба новите генерации да се прилагодуваат на капиталистичките потреби и технолошкиот развој на човештвото, или пак да се негуваат и развиваат моралните и умствени способности на индивидуата?

Вториот говорник, проф. д-р Самоил Малчески направи една ретроспектива и се осврна на темата „30 години образовни реформи! Каде грешиме?“, при што даде свое видување и анализа на успесите и неуспесите на образовните реформи.
Последниот панелист, д-р Драгана Костевска, зборуваше на тема „ Тема: Пермутација наспроти диверзификација на можности“, и даде свое рационализирање за еднаквите можности на пазарот на трудот и потенцијалот на младите генерации да се вклучат во тој пазар.

Настанот беше организиран во соработка со Шведската алумни мрежа за Западен Балкан (SANWB), со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).