понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 112
home Вести

Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле одбележа 65 години од основањето

Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле одбележа 65 години од основањето

Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле бележи постојан напредок во рехабилитацијата и лекувањето на децата со белодробни заболувања, секогаш следејќи ги најновите трендови во областа, беше истакнато на денешното одбележување 65 години од основањето на оваа јавна здравствена установа.

Директорот на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, Ангелчо Андоновски во обраќањето изрази надеж дека ќе оваа јавна здравствена устаноца ќе функционира уште многу години со ист дух и желби. Посочи дека се залагаат болницата да стане регионална детска државна болница.

Ангелчо Андоновски

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски истакна дека соработуваат со Институтот со цел унапредување на условите за работа на неговиот медицински персонал и унапредување на условите за третман на децата на кои им е неопходна здравствена услуга.

Посочи дека во оваа јавна здравствена установа персоналот несебично се вложува за здравјето на дечињата. Институтот и натаму и со уште посилно темпо и во континуитет, нагласи, продолжува да работи за унапредување на здравствениот систем во насока на обезбедување квалитетни услуги за децата.

Гоце Чакаровски

– Ќе дадеме придонес оваа установа да стане гордост и пример на ниво на државата и во регионот како установа која прави се за унапредување на здравствената заштита и третманот на дечињата. Ќе иницираме активности и проекти чија цел ќе биде модернизирање, едуцирање и квалитетно работење на оваа установа, додаде Чакаровски.

МИА

Коронавирус