сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

„Институциите кои треба да се грижат за деца се претвораат во место за измачување и терор – Царовска да понесе одговорност“

Неодговорноста на МТСП и Царовска го трауматизираше животот на дечињата во Домот за деца „25 Мај“, вели таа.
„Институциите кои треба да се грижат за деца се претвораат во место за измачување и терор – Царовска да понесе одговорност“

Уште колку случаи на негрижа се кријат од МТСП и што треба да се случи за да се понесе одговорност, прашува Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца „25 Мај“  ја шокираа македонската јавност. По монструозната случка за силувањето на 13 годишно девојче кое забременило во Домот за деца ова е втор и трет скандал кој ја згрози јавноста. Државните институции, кои треба да се грижат за правилниот раст и развој на згрижените деца се претвораат во место за измачување и терор. Државната грижа целосно затаила. Неодговорноста на МТСП и Цароска го трауматизираше животот на дечињата во Домот за деца „25 Мај“, вели таа.

Мирческа порачува дека Мила Царовска не смее да бега и да се затскрива зад партиски реакции и соопштенија.

-Мила Цароска е директно одговорна за сите пропусти и недоследности на институциите под раководство на МТСП. Животот за трите девојчиња се претвори во трагедија. Последиците по нивното психичко здравје се големи и незаборавни. Дали разбира Мила Царовска низ која голгота поминуваат овие дечиња. Ниту една оставка на директор или некој пониско во хиерархијата на МТСП нема да ја спаси Царовска од одговорност. Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат директна одговорност директно од Царовска, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус