среда, 2. декември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Инстаграм го откри Боки 13 каде и со кого бил пред да го изврши рекетот- а неколку дена подоцна торбата со милиони ја прошета во соседството

Инстаграм го откри Боки 13 каде и со кого бил пред да го изврши рекетот- а неколку дена подоцна торбата со милиони ја прошета во соседството

Македонија и регионот денеска е во неверување од видео снимката која ја објави италијански весник како Боки 13 го извршил рекетот врз Орве Камчев и му одзел 1,5 милиони евра.

Рекетот според датумот на безбедносните камери Боки 13 и Зоран Кичеец го извршиле на 20 февруари годинава, а на видео снимката се слуша како Камчев му вели дека парите му ги подготвил во торба, иако Боки мислел дека тоа ќе го стори во црна ќеса.

За торбата од марката „Луј Витон“ која се гледа на видео снимката и била полна со пари, Бики 13 очигледно многу се заљубил, па веднаш започнал да ја користи како своја.

Па така само четири дена по рекетот Боки 13 на својот Инстаграм профил сподели фотографија од Белград на која се гледа торбата во која биле пренесени милион и половина евра, а е подарок од Камчев.

 

View this post on Instagram

 

Patot moze da prodolzi… bye bye Belgrade ??❤️???

A post shared by Boki 13 (@boki13official) on

На самиот ден на извршување на рекетот Боки исто облечен како на видео снимката споделил фотографија на Инстаграм на која е во друштво на новинарот вработен во 1 ТВ Ацо Кабранов.

 

View this post on Instagram

 

Neka gree silno ???? So covekot koj gree silno vo novinarskata profesija nekolku decenii, nasiot gl.urednik Kabranov ??????

A post shared by Boki 13 (@boki13official) on

Коронавирус