вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

Инспекторатот во служба на авторитаризмот: Сите видоа прекршување на законите од двајцата пратеници, но не и Државниот инспекторат за труд

Инспекторатот во служба на авторитаризмот: Сите видоа прекршување на законите од двајцата пратеници, но не и Државниот инспекторат за труд

Власта повторно им даде до знаење на граѓаните дека во земјава, законите не важат подеднакво за сите, односно дека тие се над нив. Со други зборови со својот однос и носењето на двајца пратеници позитивни на корона вирус покажа дека сите закони, донесени мерки и протоколи кои важат за сите за време на пандемијата не важат за власта.

Сите видоа прекршување на законите и протоколите за изолација на пратениците од владејачкото мнозинство Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, но не и власта, ниту пак Инспекторатот.

Државниот инспекторат за труд по извршениот надзор вчера во Собранието не констатираше никакви неправилности и оцени дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени.

Тие го убедуваат народот дека тоа што го виделе, всушности и него виделе, бидејќи инспекторатот не го виде очигледното и тоа што им беше пред очите. Двајца пратеници позитивни на корона вирус, ги прекршија мерките за изолација и си се прошетаа до Собрание. Без око да им трепне ја прекршија изолацијата и Законот за заштита на населението од заразни болести и дури не убедуваат дека тоа е правилно и исправно.

Неверојатно е како власта смета дека е исправно да се загрозат животите на граѓаните, на пратениците и вработените во Собрание, а уште поневеројатно е немањето чувство на срам и немањето одговорност во целиот настан. Да биде ситуацијата полоша, нивната ароганција оди до тој степен што тие дрско се расправаат со секој што ќе им воочи дека таквата постапка не беше исправна.

Да прекрши изолација било кој друг ќе добие казна. Но, не и овие двајца пратеници, не и тие што им дозволиле да се појават на работа. Ужасот е уште поголем ако знаеме дека пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска ангажирала амбулантно возило како да е такси превоз. Сите знаеме дека во овој период дека амбулантите возила се најпотребни, но тоа не го знае пратеничката Бисера, а ни нејзината партија СДСМ.

И колку да сакаат да манипулираат дека нејзиниот глас бил неопходен за плати и гласање на петтиот пакет на мерки, тоа не е точно. За пакетот на мерки гласаа 113 други пратеници, а нејзиното присуство беше заради другата собраниска седница од која власта не сакаше да се откаже иако во овој момент не беше толку приоритетна. Токму поради тоа овој чин, не само што беше покажување на мускули од страна на власта, туку и невиден преседан се покажува дека не сме сите еднакви пред законите и дека не живееме во демократско општество, туку во некоја форма на авторитаризам.

За крај има една работа која ја забораваат а тоа е дек тие двајца се пратеници, народни претставници кои треба да даваат пример. А примерот кој го дадоа на сите останати граѓани е дека отсега секој може да ја прекрши изолацијата доколку облече скафандер.

Најнови вести

Коронавирус