сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Инспекциите откриле маркети и месари во кои не се одржува хигиена

Инспекциите откриле маркети и месари во кои не се одржува хигиена

Инспекторите констатирале лоши хигиенски услови во пет месарници и маркети. Од Инспекцискиот совет информираат дека за период од пет дена инспекторатите извршиле околу 5.200 контроли по различни основи.

Иако општата констатација е дека субјектите се придржуваат до одлуките за превенција од ширењето на коронавирусот, сепак дел од нив не ги почитуваат.

-АХВ направи вкупно 277 надзори во повеќе градови во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. При тоа, изрече 22 мерки најчесто поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, или поради работа на вработени без санитарна книшка. Исто така, издадени се и 5 решенија на месарници и маркети поради констатирана лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш да преземат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вели Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет.

Најмногу контроли извршиле пазарните инспектори. Тие проверуваат дали се почитуваат замрзнатите цени на производите од страна на трговците, ја контролираат работата на трговските, услужните и угостителски објекти. Државниот пазарен инспекторат открил и фалсификат на средства за дезинфекција.

Од Страна на Државниот пазарен инспекторат е постапено и по една пријава за фалсификат средства за дезинфекција. Поконкретно, станува збор за фалсификати на средствата Екосал и Дезинтал, при што надзорот е се уште во тек, вели Филиповска Грашкоска.

Инспекторите за пет дена затвориле и 20 угостителски објекти во повеќе градови низ земјава.

Коронавирус