вторник, 2. март 2021. Вести денес: 49
home Вести

Иницијаторите за конгрес спуштаат, па исклучуваат телефони по бегството на Мијалков

Иницијаторите за конгрес спуштаат, па исклучуваат телефони по бегството на Мијалков

Откако екс-директорот на УБК Сашо Мијалков стана недостапен за органите на прогонот – молк од таборот на иницијаторите за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Редакцијата на Радио Лидер се обиде да стапи во контакт со портпаролот на иницијативата Борче Стамов, кој спуштл откако му се претставиле, по што го исклучи својот мобилен телефон и во последниот час е недостапен.

Од Лидер, Стамов сакале да го прашаат дали иницијативата ќе го одржи најавениот конгрес за најавениот датум, со оглед на тоа што нивниот идеен творец и инспиратор Сашо Мијалков се даде во бегство.

Одговор од Стамов нема, како што нема одговор од никој од иницијативата која очигледно ќе остане во историјата како неуспешен обид на Сашо Мијалков да издејствува сопствено ослободување од кривичен прогон создавајќи дестабилизација на опозицијата.

Со своја реакција за бегството се нема јавено буквално никој од оваа иницијатива.

Коронавирус