петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес

Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес

Откако Сашо Мијалков заврши во притвор, МК „Мериот“ го откажа и Конгресот.

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28-ми март во Скопје.

-Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин, се наведува во нивното соопштение.

Како дел од овој Иницијативен одбор се вбројуваат лица блиски до Сашо Мијалков. Откако тој е во притвор, се носи одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. Ова е само потврда на информациите кои кружеа во јавноста дека Мијалков стои зад оваа иницијатива.

Коронавирус