петок, 16. април 2021. Вести денес: 106
home Вести

Иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров го соочи Бочварски со проблемите кои ги прави Наумоски

Иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров го соочи Бочварски со проблемите кои ги прави Наумоски

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров оствари работна средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.На средбата се разговараше за донесените урбанистички планови од страна на општината Ѓорче Петров, како и за тие што се во план да се донесат.

-Го информиравме министерот Бочварски за неправилностите во донесувањето на овие планови, како и за напите барања да не ги одобруваат деталните урбанистички планови од Ѓорче Петров без детален преглед и без гаранција дека се испочитувани сите аспекти на хуманото живеење. Воедно побаравме будно да го следи процесот на носењето на 25 урбанистички планови во 8 месеци, нешто кое локалната самоуправа и Градоначалникот Наумоски сакаат да го направат согласно годишниот план за работа на советот. Министерот Бочварски ни укажа дека ја знае состојбата и нашиот проблем и во иднина посериозно ќе внимава на деталните урбанистички планови кои стигнуваат од општина Ѓорче Петров, велат од Иницијативата.

Бочварски истакна дека согласно новиот Закон за урбанистичко планирање, постои можност за формирање на партиципативно тело кое активно ќе биде вклучено во сите постапки на носење на урбанистички планови, нешто за кое што му укажале дека не се информирани дека такво тело има во организацијата на нивната општина.

Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров изрази задоволство за приемот со оглед дека неколкупати барале средба со градоначалникот Александар Наумоски но не биле примени, а Бочварски истакна дека Министерството за транспорт и врски останува отворено за соработка со сите здруженија и организации со цел почитување на урбанистичките правила за хумано живеење.

 

Коронавирус