вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Информативен ден за идните доктори по стратешки комуникации или социологија

Информативен ден за идните доктори по стратешки комуникации или социологија

Претставници на Факултетот за применети општествени студии (Fakultet za uporabne druzbene studije – FUDS) и на Факултетот за медиуми (Fakultet medije – FAM), утре (понеделник) ќе одржат отворен информативен ден за сите заинтересирани идни докторанти по социологија и стратешко комуницирање.

Информативниот ден ќе се одржи во хотел Солун (центар на Град Скопје) со почеток во 17 часот и 30 минути, каде претставници на двете високо-образовни институции ќе разговораат со потенцијалните кандидати околу условите за упис и можностите по завршување на докторските студии со стекнување меѓународно призната диплома, базирана на функционално знаење за решавање на секојдневните предизвици.

Идните доктори на науки ќе добијат образование по сопствен избор на српски (латиница) или на  англиски јазик. Наставата ќе се одвива на англиски јазик, додека подготовката и одбраната на докторската дисертација може да се прави на српски или на англиски јазик.

Овие приватни факултети за областите Социологија и Стратешко комуницирање работат според современи методи и програми и се ангажирани на многубројни ЕУ проекти. ФУДС е првиот факултет во Словенија со признати докторски студии според Болоња. Во следните три години, на овој факултет, исто така, ќе работи и престижниот Жан Моне центар за извонредност.

Програмите, покрај современата литература достапна во библиотеката на факултетот, нудат пристап и до податоци од истражувањата на факултетите, работа во мали групи, интерактивни предавања, посветена работа со ментори и размена на мислења со колегите и завршените доктори на науки во рамки на специјално организирани конференции и работилници.

Информативниот ден е од отворен карактер за сите заинтересирани потенцијални доктори на науки (не е потребна регистрација или најавување), на кој ќе добијат повеќе информации за докторските студии по социологија и стратешко комуницирање во Словенија и можност да ги постават сите прашања и дилеми.