понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

„Инфоњуз“: Скандал во општина Карпош

„Инфоњуз“: Скандал во општина Карпош
илустрација

Шефот на кабинет на градоначалникот на Карпош, Душко Бужаровски, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со тешка телесна повреда во пределот на рамото.

Порталот „Инфоњуз“ дознава од извори блиски до градоначалникот дека горе именуваниот шеф на кабинет неовластено и без патен налог зел моторцикл кој бил во сопственост на општината, а за кое биле задолжени комуналните редари, и предизвикал сообраќајна несреќа.

Мотоциклот го земал самоволно и без одобрение, потоа на семафорите кај мостот „Влајко” на булеварот Партизанска, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со тешки телесни повреди.

Лицата што му укажувале прва помош на повредениот општинар, велат дека Бужаровски не носел заштина кацига и мирисал на „сок од грозје“, бил видно зашеметен, но не од сообраќајката, пишува порталот.

Оние што добро го познаваат Бужаровски, велат дека многу често се дружи со алкохолот и дека работното време повеќе го троши по кафеани со чашка, наместо во својата канцеларија, а и во канцеларијата бил добро опремен.

МВР, пред се Сообраќајната полиција, го евидентирала случајот и извршила увид на лице место, напревен е алко-тест, а и утврдено е присуство, притоа не и покрената е постапка пред надлежните институции, додава „Инфоњуз“.

Коронавирус