сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 43
home Вести

„ИНФОМАКС“: „ТЕ-ТО“ гyбeлo 200 илјади евра пopади монопoлcки договop со фирма на Koчо Анѓyшeв- лaжeн cтeчaj, пepeње пари и руска олигapxија

„ИНФОМАКС“: „ТЕ-ТО“ гyбeлo 200 илјади евра пopади монопoлcки договop со фирма на Koчо Анѓyшeв- лaжeн cтeчaj, пepeње пари и руска олигapxија

Во вчерашното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс гостуваше Ивица Стојановски акционер во „Топлификација“ кој е еден од 2700-те акционери оштетени од страна на „ТЕ-ТО“ за сума од околу 30 милиони евра, објавува Инфомакс.

Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје е претпријатие чија основна дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

-ТЕ-ТО е когенеративна централа која е проект на Топлификација, на директорот Хаџи Мишев за кој многу акционери се врзуваат меѓу кои што сум и јас. Сме купувале акции дури сме продавале од друго место акции за да вложиме во вака успешен проект. Тоа е проект, Македонија држава каква што е вложила во ваква една централа 20 години пред Словенците, Хрватите, во регионот е меѓу првите. Тек сега тие градат за дупло повеќе пари. Тоа е фантастичен проект и фирмата е фантастично успешна, но за да не си ги плати своите обврски влегува во криминал со што нас ни отпишува милионски долг, вели Стојановски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Коронавирус