четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Инфомакс: Судии под притисок и судии со членска од СДСМ – Веќе станува очигледна политичката злоупотреба на судот и судиите

Инфомакс: Судии под притисок и судии со членска од СДСМ – Веќе станува очигледна политичката злоупотреба на судот и судиите

Видливо е секој ден дека судиите во случаите на СЈО главно може да се поделат во две групи, и тоа судии за кои се гледа дека се под политички притисок, и судии кои судските процеси на СЈО ги имаат разбрано како политичка задача од партијата СДСМ, и ревносно работат да си ја сработат партиската задача, пишува порталот Инфомакс.

Првата група се помалку од втората. Во групата на судии под притисок, кои за жал очигледно е дека го прифаќаат и потклекнале на притисокот, се судии кои партиски не се членови на СДСМ. Можеби биле нивни симпатизери и гласачи, идеолошки припадници, но знаеле да мислат со својата глава, некогаш да гласаат и поинаку, и колку толку им значело да задржат некаков интегритет.

-Иако го прифаќаат партискиот притисок, кај нив сегледа срам, прикривање на внатрешно незадоволство и нервоза заради тоа. Тие безмалку исто постапуваат како втората група, но имаат проблем со совеста, имаат проблем со погазениот личен интегритет, со професионалноста и стручноста. Сепак, барем засега нема ниту еден сигнал дека било кој од оваа група ќе се охрабри да постапи спротивно од она што го добиле како барање и политичкиот притисок кој го имаат. И во нивната група има луѓе кои сакаат да напредуваат или барем да не бидат казнети, па затоа ќе ја наведнат главата и го тераат процесот како што Заев и СЈО очекуваат, стои во текстот на Инфомакс.

Инфомакс пишува дека втората група се нескриени припадници на СДСМ, независно дали имаат или не потпишано членска книшка.

-Тие не чувствуваат некоја грижа на совест или проблем што судат и носат одлуки кои не се законски. Тие се чуствуваат како партиски војници кои треба нешто да изработат за партијата и против политичкиот противник, а потоа да ја бараат партиската награда. Не е само награда унапредувањето, туку и вработување деца и други роднини во државниот сектор, назначување за судии на нивни деца, по некој бизнис на брачен другар или близок роднина и слично. За нив СЈО се поважни отколку поротниците или претседателот на судот. Затоа што СЈО се СДСМ, партијата. Тие се натпреваруваат кој во понеповолна состојба ќе ги стави обвинетите и адвокатите и колку повеќе ќе ги понижи, стои во текстот на порталот.

Заради сето ова судењата на предметите на СЈО во судот личат на еден целосен хаос.

Заедничко за сите овие судии е верувањето дека СДСМ многу долго ќе е на власт, и неводењето сметка дека по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ се што направиле ќе се ревидира и нема да остане никој неказнет. Тоа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и ќе го земе камшикот, со кој покажа дека многу добро знае да управува, им се гледа како многу далечна и неостварлива иднина.

Најнови вести

Коронавирус