среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

„Инфомакс“: Партиски вработувања во училиштата- во ООУ Св.Климент Охридски вработувања спротивно на законот?

„Инфомакс“: Партиски вработувања во училиштата- во ООУ Св.Климент Охридски вработувања спротивно на законот?

Според информациите кои пристигнале до редакција на порталот „Инфомакс“ во ООУ СВ.Климент Охридски од с.Драчево, бил објавен оглас за оделенски наставник без притоа да се испочитува законот, односно иако во диспозитивот на огласот се напишани членовите и законите по кои се објавува огласот, истите не се испочитувани.

-Нашите сознанија велат дека огласот е објавен според член 80 од Законот за основно образование ама во огласот не е наведена алинеа 4 од став 1, иако истата е предвидена во законот. Во текот на постапкста не е испочитуван член 80, став 3, и член 83 од Законот за основно образование, исто така не е испочитуван член 10 и 14 од колективниот договор за основно образование, иако училиштето го има потпишано. Со кандидатите во текот на постапката не е направен никаков разговор, изборот е направен паушално или однапред е све договорено. Исто така не е испочитуван законот за работни односи член 181 став 1 и 2, каде во одлуката за избор што се доставува до одбиениот кандидат не се дава правна поука за поднесување приговор, пренесува порталот.

На работа, според Инфомакс, е примен наставник без завршен стручен испит за наставник, а одбиените кандидати со положен стручен испит меѓу кои и наставници кои веќе работеле по договор во училиштето се одбиени. Ваквите случувања наведуваат на тоа дека се работи за партиско вработување и партизација на образованието.

Најнови вести

Коронавирус