вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

„Инфомакс“: Директорот на ДБКИ се развозува со службени возила на приватни настани

„Инфомакс“: Директорот на ДБКИ се развозува со службени возила на приватни настани

Продолжуваат скандалите кои го следат Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, пренесува „Инфомакс“.

До нивната редакција пристигнале фотографии на кои, како што пишува порталот, недвосмислено се забележува како Славески ги злоупотребува службените возила на Дирекцијата, со цел да се појави на настан од приватен карактер.

Имено, деновиве во Охрид се одржува Безбедносниот форум на поранешни алумни на Маршал Центарот, на кој настан може да се забележи директорот Славески. И тоа би било во ред, доколку пред хотелот во кој се одржува настанот, не беше забележано едно од службените возила на ДБКИ, кое верно во сенка го чекаше својот „сопственик“. Се работи за возило марка Хјундаи Туксон, кое Славески за повеќе од 20.000 евра си го купи за себе веднаш по стапувањето на функција, во набавка која имаше само еден понудувач.

Кога редакцијата го обзнани тој скандал, Славески пред своите соработници се правдал дека го купил возилото за службени потреби, односно за пренос на класифицирана пошта. Па, така, од овие фотографии може да заклучиме или дека во возилото навистина има класифицирани документи кои се пренесуваат по паркинзи и хотели во Охрид, или се работи за класична злоупотреба на државни ресурси за приватни цели, пишува Инфомакс.

Најнови вести