сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 26
home Вести

Инфомакс: Бугарчето на Каракачанов, Петар Богојески

Инфомакс: Бугарчето на Каракачанов, Петар Богојески

Претседателот на партијата со најмалку освоени гласови на последните предвремени парламентарни избори „Македонски концепт“, Петар Богојески, бил двоен државјанин. Освен Македонскиот, Богојески последува и пасош од соседна Бугарија.

Според информациите кои пристигнаа до „Инфомакс“, Петар Богојески е и активен гласач во Бугарија, а според избирачкиот список на Бугарија е гласач во 23-та изборна општина во Софија (општина Триадица).

Бугарското државјанство Богојески го добил во 2003. година со Указ бр.30 од 27 март. Во информацијата доставена до „Инфомакс“ стои и бугарскиот матичен број на „лидерот“ на Македонски Концепт.

Богојески државјанството го добил на основа на декларација за „самоопределвуање како Бугарин со неоспорливи докази за бугарско потекло на баба му и дедо му“. Главен застапник за брзото добивање на бугарскиот пасош, стои во информацијата доставена до „Инфомакс“, бил претседателот на бугарското ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, кој според анонимниот доставувач на информацијата е полковник во бугарското разузнавање.

Адресата на Петар Богојески во Софија е ул. Искарска 6, во зграда која и официјално е во сопственост на партијата на ВМРО-БНД на Каракачанов.

Богојески и магистрирал во Пловдив со стипендија која ја добил од ВМРО на Каракачанов, тврди свиркачот за „Инфомакс“.

Освен стипендијата и државјанството, Каракачанов – тврди изворот на „Инфомакс“, бил и главниот финансиер на „Македонски концепт“, а главни поддржувачи на неговата партија пак се Лазар Младенов и Мирослав Ризински од „Бугарскиот културен клуб“ во Скопје – или како што вели изворот на „Инфомакс“ – слуги на Каракачанов.

Свиркачот за „Инфомакс“ додава дека состаноците помеѓу Богојески и Каракачанов се одвиваат во Софија во централата на ВМРО-БНД на улица Пиротска 5.

Во текот на вчерашниот ден Инфомакс побара потврда од Петар Богојевски за нашите информации, но до овој момент нашата редакција не доби никаков одговор.

Коронавирус