среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 172
home Вести

Катица куртули до четврток: Се разболеа и двајцата адвокати на Јанева?

Катица куртули до четврток: Се разболеа и двајцата адвокати на Јанева?

Адвокатите на Катица Јанева побараа и добија одложување денешното рочиште за предметот Рекет.

Адвокатот Дељо Кадиев бил на болничко лекување до петок, а адвокатката Ирена Фрчковска (сопруга на Љубомир Фрчкоски) исто така имала влошена здравствена состојба.

Тие побараа и добија одложување на неколку дена. Судијката им порача на Кадиев и Фрчковска најдоцна до утре да достават документација, и истакна дека не е пречка ако Кадиев е во болница, доколку Фрчковска може да доаѓа следните денови. Адвокатите не и излегоа в пресрет.

Токму поради отсуството на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и се одложи денешното рочиште за случајот „Рекет“. Судијката Васка Николовска-Масевска ги извести присутните дека до судот адвокатот Дељо Кадиев на 15 јануари, а адвокатката Ирена Фрчкоска денес доставиле барање за одложување на рочиштето поради здравствени причин

Денеска требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, од која се очекуваа многу информации контра Јанева и нејзината инволвираност во Рекет, но рочиштето се одложи за четврток. Експертите прашуваат – купува ли некој вака време за Јанева и за себе, особено поради фактот што за една партија на Власт е многу пожелно Рекет да се успорува и да нема брза разрешница, но и нови обвинениај и искази за инволвираност на врвот на власта во скандалот. Барем до 12-ти април.

Најнови вести

Локални избори 2021