среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Инцидент во Охрид:”Ојте си дан ве фрлиме в езеро”

Инцидент во Охрид:”Ојте си дан ве фрлиме в езеро”

Локални функционери на СДСМ утрово се обиделе да организираат партиски пропагандни активности на кејот и пристаништето во центарот на Охрид но биле грубо избркани од локални жители и сопственици на кајчиња.

Членови на локалниот огранок на СДСМ и кандидати за пратеници сакале да поделат маски за заштита од Ковид19 со партиски симболи но биле дочекани со погрдни зборови и пцости од локални жители и луѓе кои заработуваат од изнајмување или превоз на патници со кајчиња.

“Ни оставивте без леб”, “Ја продадовте Македонија за два златници”, “Ојте си дома дан ве фрлиме во езеро”, “Од кај ви се маските – маски да ве изгорат”.

Овие и други потешки фрази и зборови паднале од граѓаните кон функционерите на СДСМ кои веднаш го напуштиле местото пред да се случи поголем инцидент, раскажуваат вознемирени очевидци кои се револтирани затоа што сметаат дека партијата нема никакво право да ја злоупотребува власта за да поткупува граѓани со маски.

Тие сметаат дека маските што СДСМ ги дели како партиски пропаганден материјал се купени со пари од граѓаните обезбедени преку институциите кои ги контролира нивната партија.

Парламентарни избори 2020