понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ИНА: Дем Шеху од „Кумановската група“ која уби 8 македонски бранители се жали на лош третман во Шутка?!

ИНА: Дем Шеху од „Кумановската група“ која уби 8 македонски бранители се жали на лош третман во Шутка?!

Барање и апел упатен до; Судиите за случајот „Диво Насеље“, Затворска управа, Хелсиншки комитет, Народен правобранител, Меѓународен Црвен крст, Амбасадата на Косово во Скопје, објавува порталот на албански јазик Ина.

-Навршуваат пет години како нè држат во притворот во Шутка скоро целосно изолирани. 24 часа изолирани, само 45 минути не пуштаат да прошетаме. Судот и Управата за извршување санкции го кршат законот со раце и со нозе бидејќи немаат право да нè држат во тотална изолација. Ние им пишавме и побаравме одговори од надлежните органи за тоа зошто не не испраќаат во затвор, но нивниот одговор беше: „Не ве прима ниту еден затвор“ и ни велат дека нема место во другите затвори- епски одговор од судот и другите надлежни органи. Тие ги имаат прекршено сите законски процедури, бидејќи не смеат да ги држат осудените лица во тотална изолација цели 5 години, задолжително треба да ги пратат во затвор во моментот во кој се потврдува казната од Апелациониот суд.

Во ќелиите во кои не држат, нема штекер каде да ја загрееш водата за да пиеш чај, да направиш едно топло кафе или да ја загрееш храната, освен кога импровизираме оган со некоја алтернативна метода.

Ние немаме навика да се жалиме, но сакаме да ве известиме дека релевантните институции се одмаздуваат кон нас затоа што не ја потпишавме пресудата, затоа што не го признаваме кривичниот суд кој нè политички осуди. Иако не ја потпишавме пресудата, немаат право да не држат во притвор. Секој кој што бил тука во Шутка, знае каква мистеријата е во ќелиите, а да останеш тука пет години е надвор од секаква логика.

Ние сме 10 соборци кои не држат секој посебно во изолација во Шутка, и апелираме до горенаведените институции; Доколку не не сместите во затвор до 21 февруари, петок, сè што ќе се случува во казамат ќе падне врз рамениците и одговорноста на горенаведените институции, стои во нивниот апел до домашните и меѓународните институции.

Коронавирус