вторник, 22. јануари 2019. Вести денес: 0
home Вести

ИНА: 900 лица добиваат од амнестијата која се подготвува во Македонија

ИНА: 900 лица добиваат од амнестијата која се подготвува во Македонија

900 осуденици се очекува да се ослободат придобивајќи од амнестијата која набргу треба да се изгласа во Собранието. Владата предложи предлог закон, во кој се предвидува од амнестијата  да добијат сите лица осудени со затворска казна до три години, за осуди дадени до 30-ти ноември 2018, независно од времето кое им преостанува, пренесува ИНА.

Исто така, со предлог законот се очекува да се амнестираат сите лица осудени со казна затвор, на кои до датумот на стапување во сила на законот им преостануваат за издржување до две години затвор.

-Во меѓувреме, друга категорија која што придобива се и осудените жени кои на датумот кога законот ќе стапи во сила ќе имаат 18 или повеќе години или мажите кои ќе бидат 60 или повеќе години. Се амнестираат исто така лицата кои се осудени со затвор  кои во времето на извршување на делото имале 18 или помалку години, со исклучок на оние кои се осудени за убиство или дела во рамките на структурирана криминална група, пишува порталот.

Еве што предвидува предлог законот за тоа кои се категориите кои се исклучуваат од амнестијата:

„Осудените за дела против човештвото, сексуални деликти, кривични дела против моралот и достоинството, или оние кои извршиле кривични дела против децата бракот или семејството не добиваат од амнестијата“. Во предлогот се предвидува дека „ Амнестијата не ги опфаќа ниту осудениците за дела во врска со слободните избори и демократскиот систем на изборите“. Друга категорија која се исклучува се и лицата кои ја одбегнале правдата. Моментално законот кој е изготвен од страна на Министерството за Правда е испратен на разгледување до Јавното Обвинителство и МВР.

Откако овие институции ќе дадат свое мислење, предлогот ќе биде испратен на разгледување во владата и изгласување во Парламентот. Од последната амнестија дадена во 2016-та добија над 700 осуденици.