четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Имплантацијата на механичко срце на Кардиохирургија- доказ за капацитетот на јавното здравство

Имплантацијата на механичко срце на Кардиохирургија- доказ за капацитетот на јавното здравство

Операцијата при која беше имплантирано механичко срце минатата недела на Државна кардиохирургија е доказ дека во јавното здравство има капацитет.

-Тимот на врвни кардиохирурзи, предводен од спец. д-р Петар Ристески, кој за оваа интервенција дојде од Универзитетската клиника во Франкфурт, и членовите на тимот, проф. д-р Сашко Јовев, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Марјан Шокаровски и другите членови на кардиохируршкиот тим, денеска во Државната кардиохирургија при Универзитетскиот клинички центар ‘Мајка Тереза’, имплантираа механичко срце кај пациент на возраст од 54 години со констатирана терминална срцева слабост, соопштија надлежните.

Оваа операција говори дека инвестициите треба да бидат во јавното здравство, а не како што започна министерот за здравство Венко Филипче решението да го бара во приватно-јавно партнерство. Операцијата, велат упатените, е доказ за капицитетот на јавното здравство.

-Инвестициите треба да се насочат кон јавниот здравствен сектор, а не да се префрлаат парите во приватните клиники, велат упатени.

Пациентот го посетија премиерот Зоран Заев, заедно со министерот Венко Филипче. Во следните месеци и години ќе се следи неговата состојба, но стручниот лекарски тим изрази уверување дека уредот кој е имплантиран, т.н. механичко срце, ќе му даде одлични резултати на пациентот и подолг животен век.

Оваа операција како врв во кардиохирургијата првпат е изведена во Македонија и претставува вистинско решение за оние пациенти што имаат терминална срцева слабост и со тоа имаат можност да живеат нормален живот, соопштија надлежните.

Коронавирус