понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 119
home Вести

Името една од темите на средбата на Коѕијас со претседателот на кипарскиот Парламент

Името една од темите на средбата на Коѕијас со претседателот на кипарскиот Парламент

Спорот со името заедно со кипарското прашање биле главните теми за кои разговарале шефот на грчката дипломатија и претседателот на кипарскиот Парламент, на нивната средба во грчкото МНР. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го откри Димитрис Силурис на неговиот твитер профил.

– Средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Добра можност за размена на мислења за темите што ги засегаат Кипар и Грција. Во фокусот кипарското прашање и прашањето со Скопје, напиша на Твитер претседателот на парламентот на Кипар.

Во интервју за грчката државна новинска агенција АПЕ-МПЕ, Силурис одбива да даде став или коментар во врска со прашањето за името.

– Прво да кажам дека ние не можеме да одредиме што треба и што сака да на прави Грција во однос на ова прашање. Нашата соработка со Грција и нашата поддршка за Грција, но многу повеќе поддршката на Грција за Кипар е безвременска. Ние сакаме Грција да биде со помалку проблеми и колку е можно посилна. Затоа, особено во оваа клучна фаза, нема да заземам став за било која точка или параметар што се однесува на разговорите за решавање на проблемот, вели Димитрис Силурис за АПЕ-МПЕ, пренесува МИА.