недела, 9. август 2020. Вести денес: 15
home Вести

Имате симптоми на коронавирус? Јавете се кај вашиот матичен лекар!

Имате симптоми на коронавирус? Јавете се кај вашиот матичен лекар!

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јавите кај вашиот матичен лекар.

-Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“.

Со ова според Филипче практично во функција се ставаат сите близу 1.200 матични лекари, коишто ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите.

Коронавирус