недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

„Имаме план и стратегија, ќе ја ставиме државата на брза лента за да се интегрира во ЕУ“

„Имаме план и стратегија, ќе ја ставиме државата на брза лента за да се интегрира во ЕУ“

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Слободен печат изјави дека за неколку месец од сега ќе завршат понижувањата, омаловажувањата од страна на Заев и СДСМ врз граѓаните.

-Историски тежок, пеколен за нашите сограѓани, за нашата држава е темниот пат кој што претпоставувам на неколку месеци од сега ќе се заврши а тоа е патот кон интеграција во НАТО Алијансата, со многу откажувања, со многу омаловажувања, понижувања, со трета година Зоран Заев и СДСМ. Навистина тежок, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека како партија има план и стратегија се со цел брза интеграција на Република Македонија во европското семејство.

-Но, оној другиот ќе биде уште потежок затоа што ќе има многу предизвици до конечната цел а таа е полно правно членство на нашата држава во рамките на ЕУ. Но, подготвени сме и не треба да се обесхрабруваат граѓаните, сите оние што мислат дека Македонија не може да успее, тие се жртви на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев и јас ги уверувам дека имаме план имаме стратегија,знаеме како и ќе се обврземе пред граѓаните да ја ставиме државата на брза лента и таа да биде еден ден дел од европското семејство, појасни Мицкоски.