среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија“- детали за заканите кои ги добивал Коѕијас

- Имаме 3 куршуми спремни за тебе и за твоето семејство. По еден за секоја Македонија, пишувало, меѓу другото, во првиот допис, според грчките телевизии, рачно напишано без потпис.
„Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија“- детали за заканите кои ги добивал Коѕијас

Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија – пишувало според грчките телевизии Стар, ЕРТ и Скај во дописот со закани испратен завчера до шефот на грчката дипломатија. Освен овој, јавува дописникот на МИА од Атина, според истите извори, било откриено и второ писмо, кое освен до Никос Коѕијас, било адресирано и до уште тројца министри во грчката влада.

– Имаме 3 куршуми спремни за тебе и за твоето семејство. По еден за секоја Македонија, пишувало, меѓу другото, во првиот допис, според грчките телевизии, рачно напишано без потпис.

Второто писмо се однесувало на пратениците, а било наменето и за министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за правда Ставрос Кондонис и министерот за образование Костас Гавроглу.

– Триста пратеници во парламентот се предавници. Да влезат војската и полицијата во парламентот, напишал анонимниот испраќач.

Како што вчера објави МИА, за првиот допис откри министерот за цивилна заштита на Грција Никос Тоскас, во интервју за грчката телевизија Антена

– Никос Коѕијас ги води преговорите со маестрални потези со насоките што ги добива од премиерот, а климата не ја одредуваат ниту радикалните гласови од една или друга страна, ниту дописите што некои се осмелија да ги пратат до министерот за надворешни работи и да говорат за 3 куршуми и закани, рече Тоскас во интервјуто.

Никос Коѕијас веднаш реагираше преку неговиот твитер профил.

– Со години, конкретниот систем, весници и телевизии ме клеветат за да ме земат на нишан. Им пречи што никој не ме задржува. Тие се моралните сторители на заканите по физичкиот интегритет и по мојот живот. Очекувам недвосмислена осуда од Нова демократија и Светиот синод, напиша Коѕијас на твитер.

Заканите до Коѕијас ги осудија сите грчки парти

Локални избори 2021