понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 107
home Вести

Имаат ли крај грчките барања?

Имаат ли крај грчките барања?

Македонската продавница која продава македонски вина а се наоѓа на скопскиот аеродром се покажала како проблем за грчкиот државен протокол кој го проверувал скопскиот аеродром. Била побарана интервенција од домаќините односно оваа продавница да се затвори.

Она што се јавило како проблем и што веднаш им паднал во очи на грците е тоа што во продавницата се продавале “македонски вина“.

Според информациите со кои располага порталот expres.mk, Коѕиас нема никаков проблем со таа продавница затоа што тој доаѓа и си заминува преку ВИП салонот и можноста да биде сликан како поминува покрај оваа проданица е речиси сведена на нула. Проблемот кај протколот е што во посета на Република Македонија освен Коѕиас ќе дојдат и други патници и медиуми кои буквално ќе “налетаат“ на оваа продавница, а тоа би можело да се сфати како провокација од македонска страна.

Предлогот кој го дале е продавницата “Macedonian wines” да не работи денес и утре се до заминувањето на грчката делегација додека целата продавница да биде покриена со платно за да не може називот воопшто  да биде виден.

Една од точките на договорот што треба да се постигне со Грција е користењето на името Македонија во комерцијални цели и тоа е една од жешките теми со кој ќе се соочии нашата страна.

Повеќе прочитајте на експрес.мк

Коронавирус