понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 13
home Вести

Има разлика: Собир на ВМРО-ДПМНЕ и собир на СДСМ, народот масовно против договорот за смена на името 

Има разлика: Собир на ВМРО-ДПМНЕ и собир на СДСМ, народот масовно против договорот за смена на името 

Анкетите укажуваа на тоа дека поддршката за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во пораст изминативе неколку месеци, а токму ова го покажуваат и сликите од терен од акцијата  „Лето за Македонија“’. Додека на митинзите организирани од опозицијата можеме да забележиме се поголем број на поддржувачи и активисти, сликата е сосема спротивна на митинзите организирани од страна на власта на СДСМ.

Очигледно е дека иако мнозинството на граѓани во државата се за членство во ЕУ и НАТО, тие  не се согласуваат со промена на уставното име и откажувањето од сопствениот идентитет јазик, историја и култура. Токму ова го потврди и последниот митинг на власта во Кичево каде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги убедуваше граѓаните да излезат на референдум и да гласаат за промена на уставното име на Република Македонија.

Кичевчани сепак го имаа последниот збор и го бојкотираат настанот на кој говореше високиот функционер на СДСМ, а му испратија и неколку пораки преку транспаренти истакнати низ целиот град.

Веројатно дополнителна причина за ваквиот дебакл на СДСМ е и штурите флоскули и недостатокот на пораки кои нивните функционери ги испраќаат до власта како и криењето на сопствената неспособност зад ЕУ и НАТО интеграцискиот процес.

За разлика од малиот одзив на граѓани кои го посетија митингот на кој говореше Спасовски, протестниот марш во Кичево на ВМРО-ДПМНЕ беше посетен од неколку илјади луѓе. Граѓаните на Кичево во огромен број покажаа дека не се согласуваат со политиките на СДСМ и со Договорот од Преспа кој опозицијата го нарекува капитулантски, а очигледно граѓаните се согласуваат.

Мицкоски од Кичево испрати низа на моќни пораки на кои граѓаните реагираа со восхит. Веројатно цитатот кој Мицкоски го употреби во Кичево ќе остане запаметен како една од најмоќните пораки било кога испратени во Македонија на протестен митинг на политичка партија.