сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Вести

„Има преписка со Светска банка и владини документи покажуваат дека владата планира градба на мигрантски камп“

„Има преписка со Светска банка и владини документи покажуваат дека владата планира градба на мигрантски камп“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата ,,Јади Бурек’’ истакна дека постои огромна какафонија во изјавите на владини претставници околу изградбата на мигрантски кампови во Македонија.

Мицкоски забележа дека во јавноста постојат документи кој ја потврдуваат намерата на Владата на СДСМ за изградба на прифатни центри за странци, односно мигрантски кампови.

-Гледаме какафонија во соопштувањето на информациите на владата има па нема. Излегува премиерот има. Министерката за труд и социјала вели нема да има. Па излегува директорот на БЈБ ќе има ама тоа е поради ова. Фактот е едно. Фатени се во лага. Македонија односно прифатилиштето за странци, таканаречен мини мигрантски камп кој што ќе се гради, мислам дека беше во Бардовци, Визбегово, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ние имаме една сериозна преписка која што е помеѓу Светска Банка и канцеларијата на ЕУ овде во Македонија, каде што јасно и гласно е посочена парцелата која што ја гледавме на медиумите каде што имаме одговор дека се чека одобрение за градба и веднаш да почне изградбата на тој инфраструктурен објект. И намената тој инфраструктурен објект. На крајот од денот ја гледавме и урбанистичката документација која точно се однесува на прифатилиште за странци“.