недела, 20. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Има повредени и приведени: Детали за инцидентот пред Градска болница (ВИДЕО)

Има повредени и приведени: Детали за инцидентот пред Градска болница (ВИДЕО)

Инцидент вечерва пред болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски во центарот на Скопје во кој интервенираше и полицијата и приведе и неколку лица.

Од МВР информираат дека била повикана полиција поради инцидент во кој учествувале членови на семејства и роднини, предизвикале сообраќајна несреќа во која било повредено дете.

Полицијата се уште е на терен, а повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот.

На снимките кои ги доби Сител се гледа силно полициско присуство, а полицајците приведуваат и неколку лица.

Според тврдењата на очевидци пред да пристигне полицијата се слушала гласна расправија и удари од пред влезот на болницата.

Коронавирус