вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 104
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Има ли Заев срам: Плука по Унгарија, а прв се “нацрта“ на сликање со Сијарто

Има ли Заев срам: Плука по Унгарија, а прв се “нацрта“ на сликање со Сијарто

Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, денес е во посета на Република Македонија.

-Причината што сум тука денес е телефонскиот повик кој го добив од Христијан Мицкоски минатата недела. Повик во кој тој потенцираше дека постои потреба од хуманитарна помош од Унгарија со цел заштита и спречување на ширењето на пандемијата која ни се случува. Поради тоа ние одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ во Македонија, поради тоа јас денес донесов 100 илјади маски и 5 илјади заштитни одела да ви помогнам во мерките за заштита, рече тој.

Од таму, очекувано е зошто оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој постојано ја нарекува неговата земја пријателска, но не е јасно зошто оствари средба со лидерот на СДСМ кој не штеди да ја потцени и навреди Унгарија.

Зоран Заев и неговата СДСМ често држат пресови и даваат изјави во кои Унгарија ја нарекуваат диктаторски режим, а Виктор Орбан-диктатор.

Во чести прилики, Заев со критика и доза на потценување зборува за оваа земја.

Но, денес, екс-премиерот се нацрта до Сијарто како ништо да не било. Од тука, логично е прашањето: Има ли Заев срам?

Сјарто беше запрашан за постојаните забелешки на поранешниот премиер Зоран Заев кон Унгарија, на што одговори:

-Навистина не е важно што Заев мисли за ситуацијата во Унгарија бидејќи не е Унгарец. За нас е битно што унгарските граѓани мислат за состојбата во Унгарија. Внатрешната состојба е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство и оттука внатрешните работи на Унгарија се внатрешно прашање, му порача Сјарто на лидерот на СДСМ.

Коронавирус