четврток, 6. август 2020. Вести денес: 174
home Вести

Има ли неправилности кај петте струмички фирми, кои добија 5 милиони евра поврат на ДДВ?

Има ли неправилности кај петте струмички фирми, кои добија 5 милиони евра поврат на ДДВ?

Управата за јавни приходи утврдила неправилности во работењето на 5те струмички фирми за кои вчера ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во првите 4 месеци годинава оствариле поврат на ДДВ од над 5 мислиони евра или до 5 пати повеќе од повратот кој го оставиле за цела измината година.

Директорката на УЈП сепак вели дека овие пари не се легнати на сметките на компаниите, објави телевизија Сител.

Од Царинската управа пак велат дека според нивната евиденција посочените фирми при увозот во Република Северна Македонија редовно го пресметувале и плаќале данокот на додадена вредност. Во писмената реакција сепак не одговараат на прашањето на опозицијата дали овие фирми успеале за 4 месеци да увезат роба во вредност од над 25 милиони евра и колку данок е платен по овој основ.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини за милионски суми кои се извлекуваат од државниот буџет по основ поврат на ДДВ. Според опозицијата струмичкуте компании Арена метал, Џокс премиум, Нетком плус, Винас Текстил и Сакаов транс во првите 4 месеци годинава во услови на пандемија, без извоз и намалени работни активности оствариле поврат на ДДВ од над 5 милиони евра, многу повеќе од голем број успешни странски и домашни компании.

Коронавирус