четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Има ли денов крај: Македонија во 2019-та со најнизок раст на платите во регионот!

Има ли денов крај: Македонија во 2019-та со најнизок раст на платите во регионот!

По шлаканиците во низа – прва од влијателниот „Економист“ кој не рангираше во земји со хибриден режим, следуваше веста за падот од 13 места на листата на светски етаблираната „Транспаренси интернејшнл“ во однос на перцепцијата на корупцијата во светот, а веднаш по неа во низа и црната прогноза на еминентната ЕСИ дека земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ најрано во 2030-та година. Вклучително и Македонија, се разбира.

Следна вест која пристигна е дека Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион во минатата година. Информацијата е од македонскиот ДЗС во координација со регионалните национални заводи за статистика.

Последни сме со само 3,8% раст. За споредба, соседна Бугарија има 10,4% зголемување на просечната плата во 2019-та.

Граѓаните со право на социјалните мрежи си го поставуваат прашањето, има ли крај и со што ќе заврши овој ден?

Коронавирус