четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Има ли дезертери во здравствениот систем?

Има ли дезертери во здравствениот систем?

Пред неколку дена на јавноста министерството за здравство помпезно најави дека системот „Мој термин“ од први септември ќе започне да функционира. И по помпезната најава граѓаните се затекоа со блокади на самиот систем. Односно пациентите се жалат дека матичните лекари не можат да им закажат термин кај специјалист бидејќи нема. Медицинските лица пак се жалат и велат точно е дека граѓаните имаат проблеми бидејќи некои нивни колеги не одат на работа. Тие и иронично прашуваат дали лекари блиски до власта се тие кои што не одат на работа.

-Образложението од матичната лекарка беше дека не може да ми закаже термин бидејќи нема слободни термини, се жали пациент кој како што вели треба да направи кардиолошки преглед поради влошена здравствена состојба.

Дел од здравствената фела за жал ја потврди информацијата која дојде од страна на пациентите и велат дека ги разбираат поплаките на истите.

Зашто нема специјалисти? Здравствената фела на ова вели дека ова се случува поради тоа што дел од докторите не доаѓаат на работа со образложение дека користат мерки.

Но зошто ова се се толерира? Фелата прашува дали преку „Мој термин“ се детектира кој не доаѓа на работа? Велат лесно е да се утврди бидејќи нема отворени термини. Дали тие кои не доаѓаат на работа евентуално се доктори блиски до власта и тоа се толерира?

Со овој тек на работа како започна да функционира системот „Мој термин“ пациентите со право се плашат за своето здравје. И по сето ова паѓа во вода изјавата на министерот Венко Филипче кој децидно вели дека не само што има и ќе има термини, туку и на сите кои им биле одложени интервенциите или прегледите истите ќе бидат реализирани.

Најнови вести

Локални избори 2021