вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

ИМА КАПАЦИТЕТ ОД 47 КРЕВЕТИ, А ДЕНЕСКА СЕ ПРИМЕНИ 51 ПАЦИЕНТ: Штипската модуларна болница преполна со новозаразени

ИМА КАПАЦИТЕТ ОД 47 КРЕВЕТИ, А ДЕНЕСКА СЕ ПРИМЕНИ 51 ПАЦИЕНТ: Штипската модуларна болница преполна со новозаразени

Штипската модуларна болница е преполна со пациенти, во неа денеска се хоспитализирани 51 пациенти, а капацитетот и е за 47. Додадени се дополнителни четири кревети, бидејќи во текот на вчерашниот ден имало наплив на пациенти од целиот источен регион.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска, информира дека на Кожното одделение се сместени осум пациенти, кои се стабилни и чекаат да бидат пуштени на домашно лекување. Битката со вирусот ја загуби 84-годишен штипјанец.

Директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев, вели дека во тек е поставувањето на современиот противпожарен систем во Инфективното одделение, кое изминатите два месеци се реконструираше, беа заменети сите прозорци и врати, има нова фасада, а се постави и централен довод за кислород. Се очекува Инфективното одделение да се стави во функција наредната недела.

Најнови вести

Локални избори 2021