сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Илјадници Македонци со бугарски документи регистрирани на иста адреса во центарот на Софија

Илјадници Македонци со бугарски документи регистрирани на иста адреса во центарот на Софија

Бугарската агенција БГНЕС објави една адреса на која се водат дури 45.752 имиња со место на живеење, а нивниот список се простира на 1.000 страници.

Станува збор за адресата на живеење која се наоѓа во округот Средец во центарот на Софија. Фотографијата со гласачкиот список од овие имиња ја објави општинскиот градоначалник пред одржувањето на парламентарните избори во Бугарија.

Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса – улицата „Леге“ 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец, потврди за БГНЕС градоначалникот на регионот.

– Ова е затоа што според законот оние што се стекнале со бугарско државјанство, кои живеат во странство, добиваат постојана адреса кај нас во зградата на окружната администрација, објасни Трајков. Според последните податоци, тие се веќе над 82 илјади луѓе.
Тој додава дека гласачките ливчиња на овие луѓе ќе останат недопрени.

– Честопати ги гледам овие луѓе кога користат административни услуги во областа. Сепак, гласачките ливчиња веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало досега, рече Трајков.

Коронавирус