петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Илјадници деца без компјутери за следење настава, а Царовска уста не затвори дека го дигитализирала образованието

Илјадници деца без компјутери за следење настава, а Царовска уста не затвори дека го дигитализирала образованието

Со Уставот на Македонија загарантирано е дека секој има право на образование и тоа треба да биде достапно за секој под еднакви услови. Дел од учениците се вратија во школските клупи, други ќе учат онлајн. Но, илјадници трети, оние најсиромашните, како сѐ уште да се на распуст.

Дали новиот начин на образование, како што многу милува да каже министерката за образование Мила Царовска дигитализација на образованието, ќе биде привилегија само на оние деца чиишто родители ќе можат да им обезбедат по скапи копјутери, на кои нормално би функционирала националната платформа за онлајн учење!? И децата чии родители, исто така, можат да им обезбедат брз и квалитетен Интернет, преку кој учениците би се вклучувале на платформата, без притоа интернетот да им сецка или кочи сред конверзацијата со наставниците и останатите ученици.

Министерката Царовска често повторува дека направиле децениски скок во дигитализацијата на образованието, а од друга страна имаме 40 илјади деца кои немаат никаков ИТ уред. А, добар дел од тие што за време на училишната анкета се изјасниле дека имаат компјутери, всушност имаат постари, претежно лаптопи, на кои националната платформа многу тешко или воопшто нем ада работи.

Од друга страна, учениците кои што кои што немаат комјутер, ќе треба да гледаат кратки видеа од прераскажани лекции на телевизија, без можност за остварување комуникација, макар и виртуелна, со своите другарчиња и наставници.

ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА МРТ

Според проценките на локалната власт само во Шуто Оризари, околу 1.000 основци што треба да следат онлајн настава немаат услови за тоа. Единствена опција им е да гледаат 15-минутни часови на Македонската телевизија и еднаш неделно да земат печатени материјали од училиштето, да напишат домашна задача и да ја однесат кај наставникот.

Но, со овој проблем се соочуваме низ целата држава и го зафаќа, не само ромското население, туку припадниците на сите етнички заедници.

Освен што државава нема инфраструктура за непречено организирање на онлајн настава, ние се соочуваме и со неисполнување елементарните услови низ училиштата за децата кои наставата треба да ја следат од училишните клупи.

СЕ Е ОК, АМА НЕ Е

Посебно загрижувачка е состојбата во периферните училишта во руралните средини. На пример во регионалното училиште „Наим Фрашери“ во кичевското село Папрадиште, учениците, учебната година ја почнаа во стара и руинирана зграда, без основни услови за настава, со стари клупи и без тоалет.

Но, во иста ваква состојба е и периферното училиште „Наим Фрашери“ во село Калеше, каде што требаше да се одржи настава на првиот ден од новата учебна година. Но, училиштето беше затворено бидејќи наставничката откако дознала дека телевизијата ТВ21 била на терен и дека прави репортажа за икслучително лошите услови, ги пуштила учениците дома и го затворила училиштето.

Состојбата е лоша и во училиштето во велешкото село Клуковец, каде што учениците немаат услови да следат онлајн настава, ниту пак можат со физичко присуство бидејќи училишниот објект не ги исполнува елементарните услови. Револтот на родитеелите овде е многу голем. Тие велат дека доколку државата не преземе мерки за иградба на ново училиште, самите жители ќе го изградат.

И учениците од Визбегово, кое и не е така далеку од главниот град Скопје, се соочуваат со реалени проблеми. Во селото нема училиште каде децата би следеле настава. Учениците се принидени да патуваат по пет километри за да стигнат до најблиското училиште, но и за тоа, локалната власт им нема организирано превоз.

Првиот училишен ден, од оваа учебна година, го бојкотираа и ученици во Желино поради лошите услови во училиштето. Односно, училишната зграда во село Долна Лешница е барака која датира од 1976 година, чиј што покрив е со канцерогени азбестни плочки.

Со проблеми од овој тип се соочуваат и училишта во урбани средини. Тука вреди да се спомене гимназијата „Кирил Пајчиновиќ“ во Тетово, чиј што покрив со години прокиснува на секој дожд. И основното училиште „Лирија“ исто така често прокиснува при пообилни врнежи од дожд.

Колку ученици ќе останат без образование и како ќе им се надополни изгубеното, останува да видиме.

Така да, министерката за образование Мила Царовска, освен што од уста не го вади дигиталното образование, би било добро да прошета малку по државава и да види во која состојба се училиштата, и во крајна мера пак, да превземи конкретни мерки за реконструкција или изградба на нови училишта, таму каде што е потребно, со цел обезбедување обезбедување основни услови за одржување настава.

Најнови вести

Коронавирус