петок, 18. септември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Илиовски до СДСМ: Баравте конструктивна опозиција, а од друга страна рецка не ни мавате

Илиовски до СДСМ: Баравте конструктивна опозиција, а од друга страна рецка не ни мавате

Пораката дека е стигнат предлог одлука за објавување на јавен оглас и за Агенцијата за аудиовизуелни и за Програмскиот совет стигна во 12:34 минути. Ние веќе дел од нас бевме на комисии, дел од нас се спремаме за оваа седница, нагласи Зоран Илиовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Седницата во Собрание на Република Македонија.

Илиовски образложи дека стварно ова нема логика ова што се прави. Не гледа зошто толку брзање, не гледа зошто толку на врат над опозицијата работат. Од една страна викаа дека треба да има конструктивна опозиција, а од друга страна рецка не ни мавате.

И сега како ние да се чувствуваме како пратеници? Што влијание имаме ние на процесите во Собранието? Вистина дека сме опозиција, немаме мнозинство и нели требаше да бидеме транспарентни, нели требаше да бидеме конструктивни? Нели требаше во интерес на законите и граѓаните да гледаме напред? Во 12:34 стига порака, кога човек да го види материјалот? Кога да дојде на седница бидејќи Седницата почна во 12:45, појасни Илиовски.

Коронавирус