четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 103
home Вести

Илиоски: Власта својата неспособност ќе си ја покрива со прашањето за името

Илиоски: Власта својата неспособност ќе си ја покрива со прашањето за името

Дискутираме за промена на Уставот, за промена на името на државата и за уште неколку амандмани. Јас пред да преминам на 35-тиот амандман за кој што треба да дискутираме малку подетално сакам да се осврнам на него, појасни Зоран Илиоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција при заседавање на седница на Собрание на Република Македонија.

Илиоски образложи дека сакал да го каже своето мислење, зошто ова се прави. Ова се прави бидејќи оваа влада не е способна ништо да направи, нема никакви резултати во економијата, нема никакви резултати во придвижување на реформите во здравство, во правосуден систем. И не знае што да направи за да остане на власта. И најдобар начин да остане на власт е да се зафати со нешто кое што лесно може да го промени, бидејќи е на позиција односно на власт. И за нешто кое што ќе предизвика толку голем интерес во државата што ќе биде се друго во втор план. Што е нормално.

-Вакво нешто не се случува секој ден, вакво нешто не е нешто што може утре или друг ден да го вратиме назад, вакво нешто се случува еднаш во историјата на сите држави. Ретко која држава во светот си го менува своето име доброволно. Еве занимација за луѓето, занимација за опозицијата, занимација за медиумите, а власта својата неспособност ќе си ја покрива со ова прашање, посочи Илиоски.