недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Илиоски: Важни закони од правосудството ги носите на сила

Илиоски: Важни закони од правосудството ги носите на сила

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот на редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски. Тој кажа дека парламентарното мнозинство ги носи законите за судство и за совет за јавни обвинители по скратена постапка односно на сила.

– Закон за судство, за јавно обвинителство, за совет за јавно обвинители носите по скратена постапка со европско знаме, носите на сила. И мислите дека Европа тоа не го гледа, мислите дека тоа Европа не го цени. И после ќе се чудиме зошто не сме добиле датум за преговори. Заради ова кажа Илиоски.

Илиоски истакна дека уште на почетокот било јасно дека власта не е способна да ги оствари ветувањата кои ги дала на граѓаните пред изборите. Пратеникот дополни дека владата не треба да се чуди зошто Transparency International дала отцена за Македонија дека е хибриден режим и е падната на индексот на корупција. Тој појасни дека тоа е поради фактот што воопшто не се спроведени потребните реформи и дека владата тоне во корупција.

Најнови вести

Коронавирус