недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Илиоски: Со овој закон многу полесно ќе се вработуваат партиски кадри

Илиоски: Со овој закон многу полесно ќе се вработуваат партиски кадри

На денешната расправа во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски рече дека Владата во врска со Законот за царинска управа изразила негативно мислење, но и покрај негативното мислење од Владата сметале дека треба да се продолжи со носењето на овој закон.

-Сметам дека за едно општество, за една економија подобро да фунционира владеачкото мнозинство и парламентарно мнозинство треба подобро да соработува на суштински работи, истакна Илиоски на денешната расправа.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција нормално е да се има дилема кон овој закон, бидејќи прво се носи по скратена постапка, се носи и покрај негативната препораката од Влада, и оттука се гледа дека овој закон има некоја задна намера.

-Претпоставуваме дека намерата на донесување на овој закон е да многу полесно се врши вработување на партиски кадри, додаде тој.