сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Вести

Илиоски: Работите на штетат на граѓаните, зголемените даноци ќе удрат по џебовите на граѓаните

Илиоски: Работите на штетат на граѓаните, зголемените даноци ќе удрат по џебовите на граѓаните

Денес дискутираме за данок на личен доход кој треба да се донесе во скратена постапка. Всушност денес дискутираме за ново зголемување на даноците или народски кажано дискутираме за нов арач кој што вие како парламентарно мнозинство ќе им го наметнете на граѓаните. На еден начин како парламентарно мнозинство и како влада ваше право е да го менувате даночниот систем на државата, меѓутоа начинот на носење на овој закон не се содејствува со важноста на тоа што сакате да го направите, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски на денешната собраниска седница.

Според него не е во ред да се носе закон за покачување на личниот доход во скратена постапка, односно како што рече тој доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не направеле притисок, можно било парламентарното мнозинство на СДСМ да го донесе овој закон и без јавна седница каде што граѓаните ќе ги слушнат сите аргументи и факти зошто не е во ред ова покачување.

Илиоски истакна дека не е во ред рамниот данок да се менува со прогресивниот данок, нагласувајќи дека не се во ред изјавите на владата на СДСМ дека со ова измена економијата ќе почнела да цвета.

Факт е дека како влада не знаат да продуцираат поголем економски раст, не знаат да испорачаат капитални расходи и не знаат како сето тоа да го направат на подруг начин да обезбедат прилив во буџетот и најдобар начин е дајте да ги зголемиме даноците, да ги зголеми акцизите за работа нема потреба многу да им ја мислиме, вели Илиоски.

Пратеникот додаде дека владата на СДСМ нема ништо направено за граѓаните, обвинувајќи ги дека сите законски решенија кои ги предлагаат и ги носат експресно во Собранието се само гол популизам.