вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: После промената на Уставот ние повеќе нема да сме Македонија

Илиоски: После промената на Уставот ние повеќе нема да сме Македонија

На денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски истакна дека пратениците и Владата немаат дозвола од граѓаните да го менуваат Уставот на Република Македонија.

-Не се работи за промена на некој закон кој што ќе има ефект на одреден категорија на луѓе, не се работи за социјала помош, не се работи за даночна реформа, се работи за нешто многу поголемо, многу посуштинско, се работи за промена на уставното име на нашата држава, истакна Илиоски.

Тој додаде дека со првиот амандман секаде во Уставот кај што пишува Република Македонија ќе пишува Република Северна Македонија.

-После промената на Уставот ние нема да сме повеќе Македонија, ние, нашите институции нема да бидат македонски, нашите институции ќе бидат северномакедонски. Колку сакате вие тврдете дека го заштитивте уставното име, дека го заштитивте идентитетот, со оваа промена на Уставот ние повеќе нема да сме Македонци, ние ќе бидеме Северномакедонци, потенцираше тој.

На крајот Илиоски додаде дека и покрај тоа што граѓаните кажаа дека не се согласуваат со промена на името, Владата го продолжува процесот.