вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 84
home Вести

Илиоски: Овој ребаланс е доказ за една неспособна и неефикасна влада

Илиоски: Овој ребаланс е доказ за една неспособна и неефикасна влада

На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски. Тој кажа дека ребалансот е доказ за една неспособна и неефикасна влада.

Илиоски истакна дека економијата е во многу лоша состојба заради катастрофалниот пад на странски инвестиции кои во првата половина изнесуваат помалку за 80 % , понатаму тој ја потенцираше катастрофалната реализација на капиталните расходи и неизвесната даночна политика.

Додаде дека она можеби што најлошо влијае врз економијата е недовербата на економските субјекти поради големата корупција и коруптивните скандали.

Меѓу другото, Илиоски кажа дека успешноста на една влада се мери по остварените проекти, а не според дадените ветувања.

-Оваа влада во овие 8-9 месеци од ветрените 420 милиони капитални расходи реализирала само 120 милиони. Оваа влада успеа за две години откако е на власт да дополнително да ја задолжи Македонија за 600 милиони евра истакна Илиоски.