четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 185
home Вести

Илиоски: Оваа Влада единствено се занимава со популистички мерки и популистики начин на сеење на магла

Илиоски: Оваа Влада единствено се занимава со популистички мерки и популистики начин на сеење на магла

Зоран Илиоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска ја информираше македонската јавност дека Законот за измени и дополнување на Законот за возила бил предложен од страна на мнозинството во ноември месец минатата година и тоа кога актуелно било загадувањето во целата држава. Имено тој рече дека овој Закон имено бил предложен и кога парламентарното мнозинство т.е Владата не знаеле што да направи во врска со овој проблем па си зимисли да се категоризираат возилата и да им се стави налепници кој колку загадува и со тоа на некој начин ќе биде решено загадувањето во Република Македонија.

-Сфати дека тоа е популистичка мерка, дека нема да даде никакво решение и го влечкаше овој закон еве веќе 8 месеци, и кога на крајот на краиштата го носиме овој закон воведуваме да лепенки за еколошка категоризација на возилата стават самите возачи по сопствено убедување и да важи поставувањето на овие еколошки лепенки една година откога овој закон ќе влезе во сила, посочи Илиоски.

Тој потенцира дека ова е уште еден доказ дека оваа Влада нема намера да ги решава проблемите на граѓаните, туку оваа Влада единствено се занимава со популистички мерки и популистики начин на сеење на магла.

-И што е најинтересно после оваа точка има уште една точка за измена на овој ист закон кадешто се усогласуваат овој закон со измените коишто се воведени во прекршочна постапка т.е со казните при евентуално направен некој прекршок, кажа Илиоски.

Тој во своето обраќање додаде дека ова преставува тотална конфузија, тотално немање на план, тотално немање визија за решавање на проблемите на граѓаните.

Коронавирус