четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 103
home Вести

Илиоски: Ова е политички прогон и она што се случи вчера е долевање масло на огнот на тој сомнеж

Илиоски: Ова е политички прогон и она што се случи вчера е долевање масло на огнот на тој сомнеж

На денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања Зоран Илиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека ова е осмо барање по ред за земање на имунитет на опозициски пратеник. А, веројатно како што веќе тргнале ќе има и други барања. И како да не се роди сомнеж во независноста на судството, т.е. обвинителството.

„Кога пред година ипол немаше индиции за сторено кривично дело сега наеднаш индициите се појавија. Кажете ми како да не се сомневаме дека ова не е класичен притисок на опозициските пратеници. Кажете ми како ние како опозициски пратеници утре ден кога ќе излеземе на говорница кога треба да браниме или да напаѓаме некој говор или некој предлог закон, ќе треба да пазиме што зборуваме за да не добиеш кривична пријава. Пази што зборуваш, да не ти го одземеме имунитетот“ – нагласи Илиоски.

Илиоски дури потенцираше можеби одземањето на имунитетот е казна зошто не гласале за двотретински закони. Освен тоа што имаат оправдан сомнеж дека ова е политички прогон и она што се случи вчера е долевање масло на огнот на тој сомнеж.